сабота, 27 јули 2024

Промоција на зборникот „Учителско наследство и развојната образовно –воспитна практика“

По повод 70 години од прводипломираните народни учители во Учителската школа „Гоце Делчев“, 1946 во Штип, Сојузот на просветните работници на Македонија, во 2019 година, во Куманово, организираше Регионален учителски собир, на кој беа презентирани над 20 трудови од сите нивоа на воспитно-образовната работа.

Објавено на

часот

Сподели

Пет години подоцна, кога се одбележуваат 75 години од прводипломираните народни учители во Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип, излезе од печат зборник на трудови, кој содржи прилози од Регионалниот учитeлски собир, насловен како „Учителско наследство и развојната образовно –воспитина практика“ , во соработка и со поддршка на Општина Куманово и Издавачката куќа „Просветно дело“, Скопје.

Зборникот ќе биде промовиран утре во 11,00 часот во просториите на ПСУ„Јахја Кемал“ во Скопје, информираат од Сојузот на просветни работници на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ