сабота, 27 јули 2024
На 28 мај во Салон Империјал 2

Промоција на книгата „Социолингвистика“ од Александра Ѓуркова

На 28 мај во 19:30 часот во Салон Империјал 2 ќе биде промовирана книгата „Социолингвистика“ од Александра Ѓуркова.

Објавено на

часот

Сподели

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Симона Груевска-Маџоска.

Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина што се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната компетенција, јазичните политики во светот и социолингвистичките прашања за македонскиот јазик.

Книгата претставува драгоцен придонес кон областа на социолингвистиката и несомнено ќе придонесе за зголемување на интересот кон обработените теми, претставени на автентичен и инспиративен начин.

Александра Ѓуркова (1971) ги завршила студиите на Институтот за класични студии на Философскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, постдипломски студии по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што и докторира.

Работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, во Одделението за историја на македонскиот јазик. Нејзин примарен научен интерес се историјата на македонскиот јазик и социолингвистиката. Има објавено над 80 библиографски единици од областа на црковнословенската синтакса, на социолингвистиката и на стилистиката во домашни и странски славистички списанија.

Автор е и на книгите „Декларативните зависносложени реченици во Крнинскиот дамаскин“ (2002), „Синтакса на сложената реченица во македонските црковнословенски ракописи“ (2008) и на „Поетиката на Григор Прличев – Стилскиот израз во Арматолос и Сердарот“ (2009).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ