вторник, 5 март 2024

Промоција на книгата „Романија-Македонија, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ од амбасадорот Благој Зашов

Објавено на

часот

Сподели

Промотор и воедно рецензент на книгата е амбасадорот Виктор Габер, модератор е Ана Јовковска, а за време на настанот ќе се говори за дипломатијата како професија, животна определба, а често и судбина.

„Политиката и дипломатијата имаат допирни точки, но политиката не треба да влијае на дипломатијата како занает. Политиката, особено надворешната, ја води владата, ја води министерот, но тој мора да се потпре на стручното знаење на дипломатите кои се во министерството и во ДКП-ата. За жал, тоа не е така, кај нас. Потребна ни е професионална дипломатија, димензионирана според можностите“, вели во разговор за МИА, по повод промоцијата на публикацијава амбасадорот Зашов, кариерен дипломат во пензија, кој имаше и куса политичка кариера како пратеник на НСДП и потпретседател на Парламентот.

Ова е втора книга на Зашов, поранешен амбасадор од кариера, чија цел е по завршена  работна обврска во Романија, своето дипломатско искуство да го пренесе на младите дипломати. Амбасадорот Зашов во 2005 година објави книга и за неговата работа во како постојан претстваник на земјата во Советот на Европа, во Стразбур.

Книгата РОМАНИЈА-МАКЕДОНИЈА, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002) е поделена во два дела. Првиот се однесува на периодот од декември 1996 до крајот на 1999 година и вториот од 2000 година до крајот на неговиот мандат во јули 2002 година. Текстот е пишуван според годините, а во рамките на секоја година според темите кои биле третирани.

Воведот е посветен на Романија и македонско-романските односи пред заминувањето на Зашов во Букурешт (1991-1996). Следуваат текстови од белешки и извештаи за средби, разговори и осврти за состојбите во Романија во период од крајот на 1996 до средината на 2002 година. На крајот е поместен посебен дел посветен на содржини поврзани со активноста на амбасадорот, потоа преглед на настани, средби и разговори, упатени писма и други документи во односите на Република Македонија и Романија во тој период.

Во книгата има и резимеа на англиски, француски и романски јазик.

Организатор на промоцијата е Дипломатскиот клуб од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ