сабота, 27 јули 2024

Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски

Градската библиотека во Скопје традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата. Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП.

На промоцијата закажана во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Според жирито за минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“ на СВП: „Дни, годии“ претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со  длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство – подвлече комисијата.

„Дни, години“ од Димитар Башевски е во издание на Слово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ