сабота, 27 јули 2024

Денеска промоција на книга на Џемиле Берат, првата Ромка лекарка во Македонија

КСП Центар Јадро денеска напладне ќе ја промовира книгата „Мојот сон“  на д-р Џемиле Берат, автобиографија на првата Ромка од Македонија која завршила Медицински факултет на УКИМ.

Објавено на

часот

Сподели

Како стипендист веднаш била вработена во Здравствениот дом во нејзиниот роден град Крива Паланка, а откако се омажила за воен доктор, се преселиле во Бјеловар во Хрватска, каде што работеле во Воената амбуланта.

Со распаѓањето на СФРЈ во 1991, се  вратиле во Македонија и таа почнала да работи во Воената болница.

Заради потребите во болницата, во 1993 година д-р Берат почнала специјализација по психијатрија на Клиниката за психијатрија која ја завршила во 1997 година.

„Од тогаш, па сè до моето пензионирање пред три години, работев во Воената болница како специјалист-психијатар“, вели д-р Џемиле Берат во автобиографијата.

Рецензентот на книгата Гоце Ристовски истакнува дека автобиографијата на Џемиле Берат е „уверлив и сугестивен показ и доказ дека со верба, љубов, надеж, посветеност и работливост може да се стаса до ’ѕвездите’ и дека тој пат е обично ‘трнлив’, исполнет со премрежја, разочарувања од суровата општествена стварност која е оптоварена со предрасуди од најразличен вид“.

„Така е и во случајот со д-р Џемиле Берат, која својот животен пат во автобиографијата го изнесува длабоко искрено, уверливо, автентично и, пред сè, емотивно, сакајќи да ги охрабри младите – пред сè младите Роми – дека и покрај сите реални тешкотии може да се стаса на врвот“, пишува Ристовски во рецензијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ