сабота, 19 октомври 2024
Време

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ