Утринската минимална температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат.