Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.