сабота, 19 октомври 2024

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ