Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.
Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.