недела, 16 март 2025
Време

Променливо облачно и нестабилно, од вторник пад на температурите

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни проследени со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во вечерните часови и во текот на ноќта на повисоките планини на северозапад со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 12 до 21 Целзиусов степен. Од вторник се пропгнозира пад на температурите за 10 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ