петок, 18 октомври 2024
Влада

Промена на програмата на Зелени градови на ЕБОР

Владата на Македонија ја разгледа и усвои информацијата за промената на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој, поддржана од Зелениот климатски фонд.
 

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше образложемно, ЕБОР подготви сеопфатен предлог за реструктуирање на програмата Зелени градови поради фактот што во текот на последните пет години, од првичниот дизајн на програмата, потребите на градовите значително се променија и сè уште се во фаза на закрепнување по трајните влијанија на пандемијата ковид-19, како и глобалните последици од енергетската криза.

Со предлогот се предвидуваат зголемување на достапноста на грантови за инфраструктура, подобрена структура на заемот од Зелениот климатски фонд, проширување на опсегот на програмата за Зелени градови, флексибилност на валутата на заемот, повеќе средства за техничка помош и повеќе средства за повеќе инвестиции во Македонија. Република Македонија соработуваше со Европската банка за обнова и развој, во рамките на програмата за Зелени Градови од 2016 година до денес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ