сабота, 27 јули 2024

Промашувања на Челси од 35 милиони искрено си призна: Да не давам изговори, не ја биваше работата

Објавено на

часот

Сподели

Дени Дринквотер беше клучен играч во средниот ред на Лестер во шампионската сезона, но неговиот трансфер во Челси вреден 35 милиони фунти се покажа како големо промашување.

Англичанецот последниот настап во синиот дрес го имаше во 2018, потоа беше испраќан на позајмици во клубови како Барнли, Астон Вила, Касимпаша и Рединг.

„Мојот престој во Челси дојде до самиот крај. Јас, клубот и фановите сме разочарани од тоа како се одвиваа работите, нема сомнежи. Повреди, како бев третиран, грешките кои ги правев, проблеми надвор од теренот, мала минутажа… листата со изговори може да биде долга но јас не сакам, ниту пак можам да го променам она што се случи“ – пишува Дени Дринквотер.

„Фудбалот е фантастичен спорт, но не ја биваше работата. Сакам да им се извинам на навивачите на Челси, би сакал да можевте да ме видите како го прикажувам најдоброто од себе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ