Одлуката е донесена откако фабриката се соочила со сериозни финансиски проблеми, вклучително и драстичен пораст на цените на суровините.
Компанијата пред две и пол години отиде во стечај, а ја презеде романската слаткарница KEX, дел од групацијата Julius Meinl. Но, по преземањето, во 2022 година дојде до намалување на производството и отпуштање на 25 работници поради зголемени трошоци.
Годинава драстичното поскапување на какаото кое тројно се зголеми, доведе до одлука фабриката целосно да се затвори.
Salzburg Schokolade, која е основана во 1897 година, произведува ексклузивни чоколадни производи за Mondalez, како што е „Echte Salzburger Mozartkugel“. Нуди и други производи како Салцбург чоколадо, Марија Терезија и Боби чоколадни плочки, како и чоколадни полупроизводи и глазури, пренесува Kleinezeitung.
Затворањето на фабриката ја остава неизвесна судбината на 65 вработени, а по третата средба се уште не се знае што ќе биде со нивните работни места.