сабота, 27 јули 2024

Производителите на домати ќе ја блокираат Струмица

За утре е најавен протест во Струмица на производителите на раноградинарски земјоделски производи кои се незадоволни од откупните цени на зеленчукот. Почна бербата на доматите под пластеници, а најавената откупна цена не може да ги покрие ни трошоците на производство, велат земјоделците. Производителите од Просениково порачаа надлежното министерство да најде начин да им помогне, бидејќи ситуацијата е сериозна, а самите немаат решение за подобар пласман.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела протестираа и жителите на Иловица и Штука кои се незадоцолни од откупната цена на младиот компир. Годинава лошо мина и откупот на зелката, производителите велат дека околу 30 прценти од производството останало во нивите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ