Концепт за намалување на штети од користење на тутунот се појави како пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од употребата на тутунот, а е во согласност со активностите за унапредување на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може да се спречи, затоа што поединците не се откажуваат од пушењето, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат негативните ефекти.
Професорот Рувен Зимлихман од Израелското лекарско здружение, кој е директор на Институтот за квалитет во медицината се осврна на факторите на ризик и го истакна и стресот како битен и променлив фактор, а говорејќи за факторите на ризик како причини за смрт, како главни причини ги наведе високиот крвен притисок и пушењето. Тој нагласи и дека ризикот од повторен срцев удар кај пушачите кои имале срцев удар се намалил за 50 отсто во првата година по откажувањето од пушењето, додека во рок од две години се нормализирал на нивото на непушачите.
„Сепак, дури и со дијагноза на кардиоваскуларни заболувања, 49 отсто од пушачите продолжиле да пушат, а дури 57 отсто од нив продолжиле со пушење и по срцев удар, истакна Зимлихман. Тој ги спомена и трендовите на смртност од кардиоваскуларни заболувања во последните 40 години. Од 1980 до 2000 година имало голем пад на морталитетот, но потоа следувала стагнација.
„Тоа е знак дека ни треба нов пристап за намалување на штетите за да дојде до промени. Намалувањето на штетата се заснова на премисата дека одредено ниво на нездраво однесување е неизбежно и затоа има за цел да ја намали штетата што ќе ја имаат луѓето како последица“ – тој посочи и дека луѓето со дијабетес ќе продолжат да јадат премногу, пушачите со хронична опструктивна белодробна болест и натаму ќе пушат и слично.
Зимлихман посочува дека веќе имаме иновативни пристапи за намалување на штетите во различни области, како што се заштитните шлемови и појаси во областа на сообраќајот, креми за сончање за оние кои поминуваат премногу време на сонце или замени за шеќер за оние кои јадат многу слатки.
„Зошто тогаш да немаме такви пристапи и кај пушењето?, запраша Зимлихман и потенцираше дека престанокот со пушење е најдобрата опција, но дека СЗО проценува дека повеќе од милијарда луѓе сепак ќе пушат во блиска иднина.
Тој ги наведе и различните пристапи на земјите низ светот кои веќе имаат усвоено некои ставови кон производите со намален ризик. Англиската канцеларија за јавно здравје објави извештај во кој биле анализирани 400 студии за употреба на производи без чад, во кои заклучуваат дека „употребата на овие уреди во споредба со пушењето цигари, претставува многу мал ризик“. Сепак, нагласено е дека користењето електронски цигари не е без ризици, особено за оние кои никогаш не пушеле. Дури и FDA го класифицираше еден од поновите производи за загревањето на тутунот, IQOS, како производ со модифициран ризик кој може позитивно да влијае на јавното здравје.
Комерцијален текст