недела, 26 мај 2024

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година 

Европската комисија ги објави имињата на добитниците на наградите „Европски престолнини на инклузивност и различност за 2024 година“, кои се доделуваат на градови и населени места во ЕУ кои водат сметка за инклузивни политики врз основа на пол, расно, етничко и верско потекло, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Објавено на

часот

Сподели

Во категоријата „населени места со над 50.000 жители“, Златната награда ја доби хрватскиот главен град Загреб, Сребрена – шведскиот Вехјо, а Брозената – шпанската Ла Лагуна. Во категоријата, пак, „населени места со под 50.000 жители“, првото место го освои италијанската Корбета, пред шпанските Миранда де Ебро и Касарес.

Добитници на признанието во категоријата „Специфична награда за властите кои овозможуваат безбедни градови, населени места и региони за жените“, златото го освои словенечкиот главен град Љубљана, среброто – Миранда де Ебро, а бронзата – Вехјо. Наградата „Избор на публиката“ ја доби Корбета.

Наградата на Загреб му се доделува за неговите „иницијативи и посветени стратегии за поддршка, заштита и инклузивност на жените, лицата со попреченост, припадниците на ЛГБТИК+ заедницата, мигрантите и Ромите“.

Вехјо е добитник на наградата за „сеопфатниот пристап во вклучувањето на родовите перспективи во локалните политики и програми“, а Ла Лагуна за „широкиот опсег на иницијативи и политики во однос на полот, мигрантите, попреченоста, возраста, ЛГБТИК+ лицата и етничката и верската припадност“.

На Корбета и е доделена наградата за „широката палета на акции и иницијативи со интерсекциски објектив и партиципативен пристап особено во однос на лицата со попреченост, жените и ЛГБТИК+ луѓето“. Миранда е добитник на наградата за „иновативниот пристап со центарот за спроведување на програми и иницијативи кои се однесуваат на различни форми на дискриминација и иницијативите за едукација и подигање на свеста, културни настани и иницијативи во заедницата“. Касарес, кој има само 9.000 жители, е награден за „амбицијата и посветеноста кон промовирање на еднаквоста и инклузивноста“.

Љубљана е прогласен за лауреат поради „поддршка на напорите за солидарност во соработка со граѓанското општество и воспоставувањето сеопфатен систем за поддршка во справувањето со насилството врз жените“. Миранда де Ебро е наградена за иницијативите за „зближување на креаторите на политики, обучувачите, социјалните служби и граѓанското општество со активно учество на засегнатите жени, како оние за обезбедување безбедно засолниште и итно сместување на жртвите на насилство“. Вехјо ја доби наградата поради „стратешкото планирање во финансирањето, поддршката и подигањето на свеста за справување со насилството врз жените“.

Овие градови се препозната по нивната работа за градење поправедни општества преку промовирање на различностите и инклузивноста, додава ЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ