четврток, 26 декември 2024

Прогласена епидемија на голема кашлица и во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на голема кашлица (пертусис) и соопшти дека се потврдени 23 случаи на оваа заразна болест, од кои пет се хоспитализирани.

Објавено на

часот

Сподели

Возрасната група на заболените се движи од 4-месечна возраст до 60 години.

„Во Куманово, по првиот лабораториски потврден случај досега имаме 23 заболени, од кои 5 хоспитализирани, сите на детска возраст. Најмалиот пациент е доенче на 4 месеци, но имаме заболено и 60 годишно лице. Најголем број од регистрираните случаи – 7, се во возрасната група од 1-4 години, бројни се и децата помали од 1 година – 6, од 5 до 9 години имаме 4 потврдени случаи, и во останатите возрасни групи по еден заболен“, потенцира епидемилог, д-р Едита Рамизи.

Според епидемилошките анкети постојат поврзани случаи на по две лица од две различни семејства, меѓусебно неповрзани, кај останатите не е констатиран контакт. Според вакциналниот статус 8 од заболените се целосно вакцинирани, 3 се вакцинирани согласно возраста, 5 некомплетно имунизирани, 6 немаат примено ниту една доза на ДиТеПер вакцина, а за најстариот пациент вакциналниот статус е непознат.

Со прогласување на епидемија, Куманово е ставено под засилен епидемилошки надзор, и се следат препораките на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје- Скопје.

„Со засегнатите локални институции имаме одлична соработка, директорката на градинката се јавува редовно, се информира и ги следи препораките кои ги даваме. Општа болница Куманово и останатите здравстевни установи се запознаени со протоколите, како и основните и средните училишта во градот. По пандемијата од пред неколку години сме веќе усогласени, во редовна и одлична комуникација сме со сите“, објаснува д-р Рамизи.

Центарот за јавно здравје Куманово во својата микро-биолошка лабораторија врши тестирања за сомнителни случаи на голема кашлица.

Во Североисточниот регион се регистрирани вкупно 26 случаи на заболување. Освен 23 на територија на Куманово, по еден случај е регистриран во Липково, Крива Паланка и Кратово.

Кумановоњуз

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ