сабота, 27 јули 2024

Прогласен за невин маж што помина 33 години во затвор во САД: „Многу сум среќен“

Објавено на

часот

Сподели

Даниел Салдана (55) е осуден во 1990 година за пукање кон автомобил во кој се превезувале шест тинејџери што излегувале од средношколски фудбалски натпревар во Болдвин парк, источно од Лос Анџелес. Двајца студенти беа ранети, но преживеаја. Напаѓачите ги помешале тинејџерите со членови на банда, соопшти тогаш полицијата.

Салдана имал 22 години во времето на пукањето и работел со полно работно време како градежен работник. Тој бил еден од тројцата обвинети за нападот. Осуден бил на 45 години затвор по шест точки од обвинението за убиство во обид и една точка за пукање во возило.

Салдана на прес-конференцијата утринава се појави со окружниот обвинител Џорџ Гаскон и рече дека е благодарен што е ослободен. „Тоа е мачење, да се будам секој ден знаејќи дека сум невин, а јас сум затворен во ќелија и молам за помош“, рече Салдана. „Толку сум среќен што дојде овој ден“, додаде тој.

Канцеларијата на Гаскон покренала истрага откако во февруари дознала дека друг осуден вооружен маж им рекол на властите за време на сослушувањето за условно ослободување во 2017 година дека Салдана „не беше вмешан на ниеден начин во пукањето и не беше присутен за време на инцидентот“, рече државниот јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ