сабота, 27 јули 2024

Прогласен крај на општата опасност, Израел смислува план: „Регионот е турнат во ескалација“

Безбедносните власти на Израел најавија крај на општата закана во раните утрински часови по големиот, невиден ирански напад со беспилотни летала и ракети, Израел повторно го отвори својот воздушен простор.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Укинувањето на предупредувањето значи дека жителите повеќе не мора да престојуваат во близина на засолништата за воздушни напади. Наведено е дека се очекува да има нарушување на распоредот на летови од Тел Авив и дека патниците треба да го проверат времето на летот.

Во текот на ноќта, Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети кон Израел, од кои 99 отсто беа соборени, соопшти израелската војска, додавајќи дека вооружените сили и понатаму се целосно функционални и разгледуваат дополнителни опции. На телевизиски брифинг, главниот воен портпарол, Даниел Хагари, ги нарече акциите на Иран „многу сериозни“ и рече дека тие „го туркаат регионот кон ескалација“.

Иранскиот напад врз Израел заврши без сериозни последици. Мал број ракети земја-земја го погодиле Израел, при што е повредено едно девојче. Оштетена е и воена инсталација на југ.

Вчера вечерта Иран лансираше канонада од беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој загинаа седум офицери на Револуционерната гарда. Ова беше првиот директен напад на Иран врз Израел од негова територија во историјата.

Во Израел беше прогласена воздушна тревога, се слушаа сирени и експлозии, но главно тоа беа звуците на пресретнување и соборување на ирански авиони. Заедно со израелските сили, во ова учествуваа и британски, американски и јордански авиони кои соборија ирански беспилотни летала над Сирија, Ирак и Јордан.

Јордан, исто така, повторно го отвори својот воздушен простор, откако го затвори доцна во саботата, објави денеска државната телевизија, цитирајќи ги јорданските воздухопловни власти.

Иранската амбасада во ОН соопшти дека со оваа иранска акција одмаздата за нападот може да се смета за завршена.

„Во случај израелскиот режим да направи уште една грешка, одговорот на Иран ќе биде многу поостар“, се вели во соопштението на иранската мисија во ОН на социјалната мрежа Икс. Израелските медиуми сепак пишуваат дека може да се очекува израелски одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ