Според тетовската полиција, тој е осомничен дека ја злоупотребил својата службена положба и овластувања.
Како што информираат од полицијата, професорот побарал извесна сума пари од неколку студенти за, како што изјавиле дел студенти, да им организира дополнителна настава за полесно да го положат испитот по предметот што тој им го предавал.
Еден од студентите случајот го пријавил во СВР Тетово, по што на професорот му ги предал парите што претходно биле обележани од полицијата.
Полицајците ги пронашле обележаните банкноти при личен претрес врз професорот.
Професорот бил приведен во полициска станица во Тетово и се очекува денеска да биде изведен пред истражен судија.