сабота, 27 јули 2024

Професор на апсолвенти тврди дека нивните последни испити им ги напишал ЧетГПТ

Објавено на

часот

Сподели

Во еден од безбројните примери на злоупотребата на чет-ботови и непознавање на нивните способности, проф. д-р Џеред Мам ги обвинил повеќе од половината негови студенти за мамење. Тој, имено, им испратил и е-пошта на засегнатите апсолвенти, каде што ги известил дека дел од нив ќе добијат нула поени за нивните извршени задачи бидејќи „ги пробил“ нивните наводни измами. Поради тоа, Универзитетот дури и го одложи издавањето на дипломите.

 „Ги копирав вашите одговори во ‘Чет-ГПТ’ и програмата ми кажа дека самата ја генерирала таа содржина“, вели Мам во е-поштата.

Кога студентите му пришле и му укажале дека не мамат, приложувајќи и „гугл док“ временски печат на датотеките, професорот одговорил: „Нема да ги оценувам вашите г**нарии од вештачката интелигенција“. Притоа Мам им понудил да ги повторат тестовите доколку сакаат да избегнат негативна оценка.

Како што објави РТС, сепак, ЧетГПТ не е дизајниран да ја прикажува и идентификува содржината генерирана од вештачка интелигенција, вклучително и од самиот него. Постојат специјализирани програми за ова, како што се „Винстон АИ“ и „Контент ет скејл“, кои се специјално дизајнирани за таа намена.

Ова го признава и „Опен-АИ“, компанијата создавач на ЧетГПТ. Програмата, исто така, може да биде „поттикната“ на целосно невистинити одговори и лажни тврдења, па дури и да фабрикува основен извор на пишани податоци, според „Вашингтон пост“.

Професорот Мам, кој предава Земјоделство и природни ресурси, не одговори на повиците на медиумите. Универзитетот во Тексас соопшти дека го истражува случајот.

„Ниту еден студент не бил исфрлен или одбиен поради ова. Професорот работи со студентите на утврдување дали е користена вештачка интелигенција при пишувањето на писмените задачи“, соопшти институцијата.

Доделувањето на дипломите, сепак, засега е запрено, додека не завршат поединечните истраги. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ