сабота, 21 декември 2024

Професионалните возачи бараат приоритет за вадење на личните документи

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај Макам-транс и  Превозник упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи (МВР) и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакнуваат од овие две асоцијации, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

„Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите“, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз односно превоз на стока и патници истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променето име на државата.

„Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистичките податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар“, велат оттаму.

Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата.

Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ