понеделник, 9 декември 2024

Проектот Митилинеос на поправка во Владата

Владата ќе го разгледува предлогот за повлекување на предлог-законите за когенеративна централа во Железара која што треба да ја гради грчки Митилинеос. Овој предлог го даде министерот за економија Крешник Бектеши.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека ќе се разгледуваат аргументите за предлогот Митиленеос да ја гради когенеративаната централа. Овој проект се подготвува веќе две и пол години и ако сакате ќе ги добиете записниците од комисиите за стратешки инвестиции, десет на број, во кои што сите институции се вклучени во преговорите, затоа ќе се разговара на седница на Влада. Дали има потреба од повлекување, ќе видиме на седница на Влада. Тогаш ќе можам да одговорам“, рече Битиќи.

Тој вели аргументите ќе се стават на маса и за предлогот на министерот за економија ќе се разговара, бидејќи како што рече, тоа е начинот на кој што се носат одлуките на Влада.

Во врска со барањето на Комисијата за заштита на конкурентноста за дополнително објаснување околу државната помош, Битиќи рече дека Комисијата има две забелешки.

„Едната е во однос на членот 11 во договорот и тој сметам дека соодветно ќе биде сменет, бидејќи не се доделува државна помош. Државна помош се доделува со договор за државна помош за којшто има соодветна процедура и тој договор никогаш не е во законска одредба, којашто кажува дека договор за државна помош треба да оди во Собрание. Во моментот кога договорот за државна помош ќе биде актуелен, ќе влезе во сооветна процедура кај Комисијата за заштита на конкурентност за да даде мислење и решение. Доколку Комисијата не даде мислење, ниту решение по однос на државна помош, тој соодветно ќе се поправи. Ништо не е надвор од законот“, изјави Битиќи.

Комисијата за заштита на конкуренцијата нема позитивно мислење за предложените закон и договор кои се однесуваат на стратешкиот инвестициски проект што треба да го реализира грчки Митилинеос. Мислење од КЗК побарале од Министерството за економија (на 29 декември лани), при што меѓу сите документи доставени на увид, се и две верзии на предлог-договорот за когенеративната постројка Скопје.

Освен тоа, од Комисијата бараат како институција да бидат изоставени, односно избришани од текстот на членот 38 од предложениот договор, според кој би требало да го „поддржи и одбрани доделувањето на пакетот на државна помош пред надлежните судови“.  Исто така, инсистираат да го видат договорот пред да биде потпишан, соопштија од Здружението на инженерите на Република Македонија.

КЗК има повеќе забелешки и бараат појаснувања за одделни членови и во двата предложени текстови – за закон и за договор.

За членот 3 од предлог-законот е наведено дека „стратешкиот инвеститор има ексклузивно право на стратешкиот инвестициски проект, што вклучува проектирање, финансиране, осигурување, изградба, сопственост, управување и одржување на постројка за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија, вклучувајќи ги нејзините дополнителни и помошни системи, со вкупна инсталирана моќност од 130 – 165 MWh, и 90 – 105 MWh, како и сите други објекти, опрема, инфраструктура, подвижни и недвижни ствари потребни за изградба и соодветна употреба на постројката“. Воедно, и дека проектот ќе се реализира во Општина Гази Баба, „на простор избран или одобрен од стратешкиот инвеститор и определен со урбанистички план за подрачја и градби од државно значење“.

Откако се наведува содржината на членот 5, за вкупната вредност на инвестицијата од 290 милиони евра, кои ќе бидат обезбедени од приватни средства, „вклучувајќи средства обезбедени од комерцијални банки, банки за развој, меѓународни финансиски институции, инвестициски фондови и приватни инвеститори и може да вклучи и долг и влог во друштвото“, Комисијата дава забелешки за вториот став. Конкретно, за тоа што предвидува дека „Владата може да склучи директни договори со заемодавачот или нивниот застапник, по претходно барање на стратешкиот инвеститор“. Во тој контекст од КЗК сметаат дека е потребно појаснување.

Исто така, од КЗК бараат „давателот на државната помош“, односно Владата, „во Известувањето кое ќе го достави до Комисијата за заштита на конкуренцијата да ги образложи поволностите кои ќе бидат дадени на стратешкиот инвеститор“ за формирање на индустриската зона „Енергија Скопје“, што е поместено во членот 7 од предложениот законски текст.

Владата треба да одговори, односно да ја образложи и неопходноста за доделување државна помош на Митилинеос. Поттикнувачките мерки се содржани во членот 9, кој ги предвидува спорните речиси 50 милиони евра (точен износ – 49.750.000 евра во денарска противвредност).

„Во врска со овој член од предлог законот, потребно е давателот на државна помош да образложи на каква точно финансиска поддршка се однесува овој износ, да ја образложи неопходноста за нејзиното доделување и во што би се состоела евентуална нефинансиска поддршка (во обем и во вид)“, забележале од Комисијата.

Спорен е и членот 10, според кој во рок од три месеци по склучувањето на договорот, акционерското друштво во сопственост на државата кое е производител на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет во земјата, „склучува со стратешкиот инвеститор договор за откуп на произведената електрична и топлинска енергија од постројката“.

Во мислењето дадено од КЗК, следува членот 38 од предлог-договорот кој се однесува на државната помош. Дава рок од 30 дена по неговото склучување, во кои Владата и АД ЕСМ ќе мора да поднесат известување за потенцијалните обврски што произлегуваат од договорот, а кои би можеле да претставуваат државна помош, која како надлежен орган за државна помош ќе го извести Секретаријатот на Енергетската заедница“.

„Воедно, во истиот член се прејудицира добивањето на одлука за дозволеност доколку кои било обврски поврзани со Договорот претставуваат државна помош согласно применливите прописи. Во едната верзија од предлог договорот стои член 11 (Поттикнувачки мерки), кој меѓу другото предвидува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го поддржи и одбрани доделувањето на пакетот на државна помош пред надлежните судови. Ова е целосно неприфатливо и Комисијата бара бришење на оваа формулација“, децидни се од КЗК.Во продолжение пишува:

„Комисијата за заштита на конкуренцијата смета дека е потребно преформулирање односно исфрлање на зборовите – и ќе добијат одлука за дозволеност од Комисијата за заштита на конкуренцијата доколку кои било обврски поврзани со Договорот претставуваат државна помош согласно применливите прописи, од членот 38 од Договорот.

Воедно, напоменуваме дека е потребно давателот на државна помош да го достави предлог договорот заедно со известувањето до Комисијата за заштита на конкуренцијата пред неговото потпишување“.

Од Комисијата посочуваат дека во однос на овој стратешки проект давателот на државната помош, согласно законските прописи, е должен да поднесе известување за планираното доделување на индивидуалната државна помош.

„Со поднесувањето на известување за планирано доделување на индивидуална државна помош, а во врска со член 8 од Законот за контрола на државата помош, во кој член се наведени исклучоците од општата забрана за доделување на држаната помош, давателот на државната помош, треба да достави до Комисијата за заштита на конкуренцијата образложение CO оправданост за планираното доделување на државна помош предвидена во членот 16 од Предлог- законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект ‘Митилинеос’… Ова, со цел, Комисијата за заштита на конкуренцијата согласно своите законски надлежности, да може да определи дали и под кои услови може да се додели планираната државна помош, а истата да биде согласно член 8 став (2) од Законот за контрола на државната помош“.

Ова е ставот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која на увид, освен предлозите за закон и договор, ги имала и планот за подготовка и реализација, договорот за долготраен закуп, табеларен приказ на висината на закупнина и на надоместокот за службеност на градежно земјиште, договорот за гаранција, откуп при раскинување и банкарската гаранција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ