сабота, 27 јули 2024

Проектил погоди британски брод во Црвеното Море

Товарен брод во Црвеното Море претрпел помала штета откако бил погоден со проектил додека пловел во близина на брегот на Јемен, соопштија денеска британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската компанија за поморска безбедност Амбри, пренесува Ројтерс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добил нешто по полноќ.

Компанијата Амбри објави дека товарен брод кој плови под знамето на Барбадос, во сопственост на британска компанија, претрпел физичко оштетување поради беспилотно летало (УАВ) додека пловел југоисточно низ Црвеното Море.

Нема извештаи за повредени, бродот презеде маневри за избегнување и го продолжи своето патување, додаде Амбри.

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран веќе извесно време напаѓаат комерцијални бродови со беспилотни летала и проектили за да „изразат солидарност со Палестинците во Појасот Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ