Според Проект, Путин поминувал најмалку 30 дена годишно во резиденцијата Бочаров Ручеј откако таа беше реновирана за Олимпијадата во Сочи во 2014 година и најверојатно таму престојувал во екот на пандемијата ковид-19.
Но оваа година рускиот претседател помина рекордно низок број денови во Бочаров Ручеј.
Путин воопшто не ја посетил резиденцијата од март, па дури морал да се откаже од традицијата да го прославува роденденот на Алина Кабаева, неговата долгогодишна партнерка и наводна мајка на неговите два сина, на руското крајбрежје на Црно Море.
Истражувачите на Проект тврдат дека Путин „чувствувал закана за неговата физичка безбедност“ по повеќекратните напади со беспилотни летала врз Сочи во есента 2023 година, што го објаснува неговото продолжено отсуство од резиденцијата.
Извор близок до Путин ја потврди оваа теорија, пишува весникот.
Истрагата на Проект, исто така, открила дека главната зграда на резиденцијата Бочаров Ручеј била целосно урната во почетокот на годината, отстапувајќи го местото за нов градежен проект.
Бочаров Ручеј, некогаш омиленото место за одмор на највисокото советско раководство, Путин редовно го користеше за состаноци со светските лидери, меѓу другите и со американскиот претседател Џорџ В. Буш во 2008 година.