сабота, 21 декември 2024

Проекција на филмот „Зeмја за нас“, дел од интердисциплинарната програма на Прво па женско 12

На 23 декември (понеделник) со почеток во 18 часот во Кинотека на Македонија, во  рамките на 12-то издание на фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско ќе се случи настан чија интерцисциплинарна програма ќе вклучува панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, проекција на документарниот филм „Земја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот е бесплатен.

Објавено на

часот

Сподели

Преку дискусијата на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, ќе размениме размисли за тоа дали е можен свет надвор од цивилизацијата, поинаков од сегашниот. Дали и како можеме да го смениме нашиот однос кон природата, производството, заедничкиот простор? Како, среде пирејот на индивидуализмот и отуѓеноста, да ги развиваме капацитетите за заедништво? И конечно, што практично значи да се живее во заедница?

Говорничк/ци на панелот ќе бидат: Вики Младенова, Здравко Савески и Ленче Деспотоска, а модераторка е Андријана Папиќ Манчева.

По панел дискусијата, во 19 часот, ќе следува проекцијата на документарниот филм „Земја за нас“ во режија на Карла Црнчевиќ.

Во срцето на островот Брач група жени живее во необична заедница. Не веруваат во приватен имот ни во хиерархија, со заедницата управуваат со директна демократија и се занимаваат со земјоделство на еколошки начин. Секоја членка на комуната има избегано од некој минат живот и заедно се обидуваат да ја изградат својата мала самоодржлива оаза. Но кога ќе биде поставено прашањето на впишување на сопственоста во катастарските книги, во прашање доаѓа самиот опстанок на заедницата.

По проекцијата на филмот, ќе следи разговор со авторката на филмот Карла Црнчевиќ, кој ќе го води Ѓорѓи Пулевски. Овој настан е поддржан од Equality Fund.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ