недела, 3 ноември 2024

Продолжуваат протестите против реформата на правосудството во Израел и покрај насилството

Објавено на

часот

Сподели

Насилство вчера изби на неколку фронта. Автомобил вчера налета на група луѓе на шеталиште покрај плажа во Тел Авив, убивајќи еден Италијанец и повредувајќи уште седум туристи, соопшти полицијата.

Претходно две британско-израелски сестри биле убиени во пукање на Западниот брег, а Израел лансираше воздушни напади во Либан и Газа како одговор на ракетните напади.

И покрај неодамнешните инциденти, неделниот митинг против контроверзните реформи на правосудството на владата ќе продолжат како што е планирано во Тел Авив вечерва, иако протестниот марш бил откажан на барање на полицијата, кажаа организаторите.

Израел повеќе од три месеци е разнишан од масовни протести против реформските планови на крајно десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Со реформата на правосудството, владата се обидува да го намали влијанието на Врховниот суд и да ги прошири сопствените овластувања.

Меѓу другото, на владата би ѝ се дале повеќе овластувања во именувањето на судиите, а парламентот би можел да ги поништува одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство.

По масовните противења на граѓанското општество, но и во власта и војската, владата ги одложи реформите за неколку недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ