петок, 26 јули 2024

Продолжуваат малерите на Леклер во Монако, Перез се радува на голема победа!

Објавено на

часот

Сподели

Шарл Леклер синоќа доминираше во квалификациите и очекуваше победа на домашната трка, но неговите малери во Монако продолжуваат. Лошата стратегија на Ферари придонесе тој да заврши само како четврти.

Трката започна под безбедносно возило поради дождот, а откако патеката почна полека да се суши, Серхио Перез беше тој кој прв ризикуваше и влезе во бокс. Потегот на крајот се покажа како клучен, Мексиканецот се најде на чело на колоната откако и ривалите влегоа да ги променат гумите.

Шарл Леклер најмногу загуби и од првото место падна на четвртото, возачот од Монако пцуеше по своите механичари кога му стана јасно каква грешка направиле.

До крајот немаше многу драма на патеката, освен кога Мик Шумахер се заби во бариерата и неговиот дел се распарчи на два дела, но за среќа Германецот помина без повреди.

Во бодови денеска уште завршија и Расел, Норис, Алонсо, Хамилтон, Ботас и Фетел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ