Гани Туша беше во притвор како осомничен за двојното убиство во Шиша бар во скопската чаршија кога покрај Бајрами, беше убиен и Јетон Кривањева – Жила, исто така припадник на криминалната група од Грчец, Дуќанџик. Туша е осомничен и за убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца, од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик. По истекот на шестмесечниот притвор како осомничен за убиството на Оки, на Туша му е определен нов притвор за друго кривично дело, за тешка телесна повреда.
И неуспешните обиди за убиство на Раде Трајковски-Штекли, кој наводно бил припадник на групата Барон, се поврзуваат со оваа пресметка.
Во јануари, при последната полициска акција во Грчец, беа уапсени неколку припадници на групата Дуќанџик, но не и Шеваљ Муареми, главниот водач на оваа група.