сабота, 27 јули 2024

Продолжува доминацијата на Ферстапен, шампионот победи и во Кина

Макс Ферстапен дојде до четвртата победа во петтата трка оваа сезона откако денеска прв ја мина целта на Големата награда на Кина.

Објавено на

часот

Сподели

По синоќешната победа во спринт трката, Ферстапен денеска беше најбрз и на главната трка на патеката во Шангај.

Тој беше во водство речиси цела трка, со исклучок на периодот при првите влегувања во боксот. Перез му беше прв следбеник, но тоа се промени по двете излегувања на патеката на безбедносните возила.

За Ферстапен ова беше 58. победа во кариерата, остварена со десетина секунди предност во однос на второпласираниот Ландо Норис од Мекларен. На третото место се искачи вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Во топ десет завршија и Леклер, Саинц, Расел, Алонсо, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг.

Светскиот шампион ја зголеми предноста на чело на генералниот пласман во Формула 1 бидејќи сега има 110 бода, 25 повеќе од второпласираниот Перес. Следната трка се вози на 5 мај, за Големата награда на Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ