сабота, 27 јули 2024

Продолжениот викенд повеќе од 12 илјади Македонци го искористија за капење во Грција

Илјадници македонски граѓани продолжениот празничен викенд го поминуваат надвор од земјата. Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, на граничните премини Табановце и Богородица беа забележани големи гужви. Според снимките од видео камерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата.

Објавено на

часот

Сподели

На ГП Табановце пак главно се чекаше за влез во земјава, која за српските туристи е транзит држава до Грција.

Според МВР, во периодот од 10 часот завчера до 10 часот вчераутро, на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавиле вкупно 3.444 патници. Додека вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија.

Метеж на граничните премни особено на границата со Грција, се очекува и во недела, кога викендашите ќе се враќаат назад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ