Управата за јавни приходи соопшти дека дополнителниот рок од еден работен ден е поради отежнато функционирање на системите во УЈП предизвикано од прекин на електрично напојување во зградата каде што е сместена Генералната дирекција на Управата.
„Согласно Законот за даночна постапка, а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за еден работен ден“, информира УЈП.