сабота, 27 јули 2024

Продажбата на Челси ќе биде комплетирана во понеделник

Објавено на

часот

Сподели

Трансакцијата од 4,25 милијарди фунти треба да се случи во понеделник по што ќе се официјализира зделката и Челси ќе ја почне ерата пост Абрамович. 
 
По месеци преговори, во средата британската влада ги прифати гаранциите дека средствата нема да бидат злоупотребени од Роман Абрамович, дека Русинот нема да има никаков бенефит од продажбата.
 
Процедурата е во завршна фаза, а како финален ден се прогнозира понеделник кога треба да легнат парите од новиот сопственик.
 
„Челси може да потврди дека финалниот и конечен договор за продажба на клубот на Тод Боли/Кларклејк Капитал конзорциум беше постигнат доцна синоќа. Се очекува трансакцијата да биде комплетирана во понеделник. Клубот ќе потврди кога ќе се случи тоа“, стои во соопштението на Челси.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ