Овие бројки ги потврдуваат очекувањата на произведувачите на оружје Локид Мартин, Џенерал дајнамикс и Нортроп Груман, чија вредност на акции расте како што расте глобалната нестабилност.
Продажбата и трансферот на оружје се сметаат за „важна американска геополитичка алатка за долгорочните последици по регионалната и глобалната стабилност“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Минатата година на Полска ѝ се продадени ракетни системи ХИМАРС во износ од 10 милијарди долари, потоа ѝ се продадени ракети воздух-воздух со среден дострел АИМ-120Ц- на Германија во износ од 2,9 милијарди долари, како и напредни ракетни системи земја-воздух на Украина.
Локид Мартин и Џенерал дајнамикс очекуваат порачките на стотици илјади артилериски гранати, стотици пресретнувачи на ракети „патриот“, како и зголемување на нарачките на оклопни возила да ги потврдат нивните резултати во следниот квартал.
Има два начини на кои странските земји купуваат оружје од САД: првиот се директни комерцијални договори со компаниите, а вториот е владата на странска земја да го контактира Секретаријатот за одбрана или американската амбасада во својата земја. Двата начини на продажба бараат одобрување од американската влада.
Директната продажба од компании пораснала на 157,7 милијарди долари во фискалната 2023 година, додека продажбата преку американската влада пораснала на 80,9 милијарди долари во истиот период.