сабота, 27 јули 2024

Прочка дома, Прочка и во „комшилакот“

Објавено на

часот

Сподели

 

Емилија: Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвувана љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Маја: Прочка или Поклади е еден од најголемите христијански празници на кој многу му се радувам. Тој ден се собира целото мое семејство и одиме на гости кај најстарите, кај бабите и дедовците. Како што е редот, младите бараат прошка од постарите со зборовите „Прости ми“ и се вoзвраќа со „Нека ти е простено, од мене и од Господ“. На овој ден бабите му даваат по едно варено јајце на секој од нас, а тука се и питите и кадаифот, кои се прекрасни. Прочка покрај тоа што го навестува Велигденскиот пост, ни покажува дека човечки е да се згреши, но големината на човекот е да побара и да даде прошка.

Симона: Прочка е еден од ретките денови кога се собира целото мое семејство. На овој празник специјалитетите што се прават се од јајца и млечни производи. Мајка ми ја прави најубавата баклава. Мене пак, најинтересниот дел ми е „амкањето“ на јајцето со уста. Се вели дека кој ќе го фати прв, ќе има најмногу среќа во годината. Потоа, одиме кај повозрасните роднини да се простиме. Простувањето е начин на ослободување од негативната енергија и истовремено ни покажува дека сите луѓе прават грешки во животот. Човечки е да се греши, но уште поважно е да се простува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ