„Процентите измислени за Путин очигледно немаат ни најмала врска со реалноста. Нема поента да се дискутира за нив“, реагираше на платформата Икс Леонид Волков, поранешна десна рака на Навални, кој е во егзил.
Нарисованные за Путина проценты, не имеют, разумеется, ни малейшего отношения к реальности. Не стоит их обсуждать.
Но если бы не Полдень, многие их все равно бы обсуждали. А Полдень наглядно показал их абсурдность. И никчемность.
— Leonid Volkov (@leonidvolkov) March 17, 2024
„Но да не беше ‘Пладнето’, многумина сè уште ќе дискутираа за нив. А ‘Пладнето’ јасно ја покажа нивната апсурдност. И безвредност“, напиша Волков алудирајќи на акцијата „Пладне против Путин“, мирен протест против рускиот претседател, поддржан од Навални и остатокот од руската опозиција.
#ПолденьПротивПутина в Москве! Спасибо всем, кто приходит, каждый из вас бесконечно важен ❤🔥
Присылайте фото и видео с участков в наш телеграм-бот: https://t.co/RaJOp0CzsS#Полдень pic.twitter.com/Lop9VQfyI2
— Команда Навального (@teamnavalny) March 17, 2024
Според првите резултати по три дена од изборите во Русија, Путин добил над 87 отсто од гласовите.
Победата на Путин на тие избори беше очекувана поради отсуството на опозицијата.
Алексеј Навални, кој почина во затвор во средината на февруари, беше еден од најжестоките критичари на Путин. Јулија Навални, неговата вдовица, вчера рече дека на гласачкото ливче за претседателските избори во Русија го напишала презимето на својот сопруг.