Според најавата на Џафери, можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.
„Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако веќе е искоординирано да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуалните решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Секако, работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто е актуелно“, одговори Џафери на новинарско прашање по поставувањето на камен темелник за ново училиште во тетовско Селце.
Според процените на Џафери, ќе се согледаат сите аспекти и во зависност од можностите ќе се употребат соодветни решенија.
„Треба да ги согледаме сите аспекти. Таму кај што е можно продолжение на рокот да се продолжи, таму кај што има потреба од друг вид на одлука и решение да се спроведат други одлуки“, рече Џафери.