сабота, 27 јули 2024
МЕПСО

Проблемите со струјата во РЕК Битола ги направи птица

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница.

Објавено на

часот

Сподели

„Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ (вработените во Одделот ТС, Одделот  ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вратено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено, соопштија од АД МЕПСО.

Во соопштението се посочува дека штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што,с е подвлекува, АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа.

„Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни“, информираат од АД МЕПСО. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ