сабота, 21 декември 2024
Има три причини за несогласувања

Проблеми зад сцената во Челси, пукнала тиквата помеѓу газдите

Медиумите од САД пренесуваат за несогласувања помеѓу сопствениците на Челси, па можно е некој од нив да го напушти клубот и да ги продаде своите акции на другиот.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2022, конзорциум предводен од Тод Боли го купи Челси од Роман Абрамович во зделка вредна околу 4,25 милијарди фунти.

Со новите газди, „сините“ трошат на трансфер пазарот како никој друг, но тоа не носи резултати, па има многу прашалници околу нивната стратегија.

Последните информации говорат за несогласувања зад сцената, односно бил нарушен помеѓу Тод Боли и Бедад Егбали.

За ова се посочуваат три главни причини: Разлики околку трансфер политиката на Челси, слабите партии на тимот и неуспехот при прогресот да се изгради нов стадион.

Се говори дека некој од сопствениците може да го напушти клубот и да ги продаде своите акции на другиот.

Во моментов, фондот Клеарлејк Капитал со Бедад Егбали е мнозински сопственик и поседува околу 62% од акциите на Челси, додека пак Тод Боли има околу 13% од акциите, откако неговиот дел го подели со уште двајца инвеститори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ