Кралскиот клуб вчера со 4-1 го совлада Виљареал, но не можеше да се израдува на победата поради тешката повреда на Алаба.
Дефанзивецот ги скина лигаментите и ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Оваа сезона тој е трет играч на Реал Мадрид со таква повреда, претходно тоа им се случи на Куртоа и Милитао.
„Алаба ги скина лигаментите, тоа се многу тажни вести. Првпат ми се случува тројца од моите фудбалери да скинат лигаменти, тоа е неверојатно“, потврди Анчелоти.