сабота, 27 јули 2024
Го чека долга пауза

Проблеми за Покетино и Челси, засилувањето од 75 милиони фунти скина лигаменти на колено

Објавено на

часот

Сподели

Весли Фофана не се најде на списокот со фудбалери за турнејата на Челси во САД поради повреда, а деталните прегледи донесоа многу лоши вести.

Французинот ги скинал лигаментите на коленото, веднаш бил оперирен и сега го чека долга пауза. „Сините“ не брифираат колку долго Весли Фофана ќе биде надвор од стројот, но во вакви ситуации, периодот е од 6 до 9 месеци, тоа значи дека играчот ќе биде во аут дури до следната година и ќе го пропушти голем дел од сезоната.

Весли Фофана е најскапиот дефанзивец во составот на Челси, за неговите услуги беа платени 75 милиони фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ