петок, 18 октомври 2024

Проблеми за Пелистер: Костески скина лигаменти, Атанасиевиќ има фрактура на носот

Удар за РК Пелистер, долго ќе бидат без Ненад Костески кој скинал лигаменти, а во наредните натпревари нема да сметаат ниту на Павле Атанасиевиќ кој има фактура на носна коска.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата ракометари повредите ги заработиле на мечот од Лигата на шампионите против Колстад.

За Ненад Костески сезоната е завршена, а веројатно ќе пропушти и голем дел од наредната.

„Нашите играчи Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.
Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.
Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекуваме дека Павле Атанасиевиќ ќе се врати на терените после пауза од три недели.
На двајцата наши млади играчи им посакуваме побрзо враќање на ракометниот терен. Клубот ќе ги превземе сите мерки за најквалитетна здравствена нега“, стои во соопштението на Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ