вторник, 18 март 2025

Проблеми за Милевски и Македонија, поради повреда отпаднаа Ристовски и Ќамили

Проблеми за Благоја Милевски и Македонија, после првиот тренинг на репрезентацијата, поради повреда отпаднаа Милан Ристовски и Лирим Ќамили.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-жолтите“ вчера ги почнаа подготовките за пресметките против Лихтенштајн и Велс во квалификациите за Светското првенство во 2026.

Селекторот Благоја Милевски се соочи со проблеми уште на стартот, после првиот тренинг, поради повреда отпаднаа Милан Ристовски и Лирим Ќамили.

Па како замена, дополнително е повикан Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Поради повреда на зглобот, под знак прашалник останува Стефан Ашковски, неговата состојба дополнително ќе биде проценета од медицинскиот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ