недела, 20 октомври 2024
„Црвените“ ќе мора да носат нови засилувања

Проблеми за Клоп, двајца фудбалери на Ливерпул добија богати понуди од Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Откако Стивен Џерард стана нов тренер на Ал Етифак, веднаш почнаа шпекулации за тоа кој се може да се пресели во клубот.

Џордан Хендерсон беше посочен како една од топ желбите и во прв момент се пишуваше дека капитенот на Ливерпул сака да остане на Енфилд за да има поголеми шанси за настап на Европското првенство во 2024 година.

Но последните информации велат дека Англичанецот прифатил преселба во Саудиска Арабија откако добил прилично богата понуда.

Ал Етифак на маса ставил ЧЕТИРИ пати поголема плата, односно околу 700.000 фунти неделно, или нешто над 36 милиони фунти годишно па Џордан Хендерсон кажал ДА и сега останува двата клуба да си подадат рака, „црвените“ бараат околу 20 милиони фунти за продажба на Англичанецот.

Но тој не е единствениот фудбалер на Ливерпул кој е на пат кон Саудиска Арабија, и Фабињо има можност да се пресели на Арапксиот Полуостров.

Ал Итихад е подготвен да плати 40 милиони фунти за да го донесе Бразилецот во своите редови.

Во моментов нема детали каква плата би добил Фабињо за пресела во Саудиска Арабија, но сигурно ќе биде многу поголема од таа која ја заработува на Енфилд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ