Тука се одбележа 79-годишнината од нападот на рудниците за олово и цинкова руда од страна на Третата бригада на НОБ, на кое место, во борбите со фашистичките бугарски и германски војски загинале многу борци и херојот на нападот Доне Божинов.
Со должна почит и со наклон пред спомен-обележјето присутните ја покажаа големата почит кон паднатите борци, а во нивна чест се одржа историски час, а секако се прочита и песната Пробиштип на Доне, се наведува во писменото соопштение од Општина Пробиштип.