сабота, 21 декември 2024

Приведено лице со 320 литри алкохолни пијалаци во автомобилот

Полицијата вчера на наплатна станица на автопатот кај Градско извршила проверка во автомобил во кој биле најдени туби со вкупни 320 литри алкохолни пијалаци.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско.

При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ