сабота, 27 јули 2024

Приведени Украинец и Грузиец, имале фалсификувани возачки дозволи

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека на  граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Украина, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека украинската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана.

Исто така, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(37) од Грузија, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека ерменската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана.

Двете лица се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ