сабота, 26 октомври 2024

Приведени тројца охриѓани за агресивно однесување, семејно насилство, поседување марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца охриѓани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и овозможување на употреба на наркотични дроги, семејно насилство и агресивно однесување.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес, извршен во домот на 28 годишниот охрижанец полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и предмети со остатоци од кокаин, информираат од СВР Охрид.

Вчера на улица 7 Ноември во Охрид, охридските полицајци привеле и 27 годишен жител на охридското село Велгошти.

„Тој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Охрид.

Истиот ден вечерта полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 43 годишник од Охрид.

„Тој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга“, додаваат од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ