недела, 20 октомври 2024

Приведени три лица за служба во ИСИС (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

МВР постапи постапи по меѓународна потерница. Приведени се О.С (28), Р.С. (33) и М.Г (26) кои беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Македонија.

Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.

Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ